Масакр: Авганистански војник уби еден колега и рани седум американски војници
Најмалку еден авганистански војник е убиен, а седум американски војници се ранети денеска во „инсајдерски напад“ во база во северен Авганистан, изјави американски воен претставник.
Портпаролот на воената команда на САД во Кабул потврди дека седум војници се евакуирани, откако се ранети во базата Шахин, која е седиште на 209. корпус на авганистанската војска во северниот град Мазар-и-Шариф.
Според американскиот претставник, најмалку еден авганистански војник е убиен, а еден е ранет во пукотниците.
Тој меѓутоа не можеше да потврди дали личноста за која постои сомнеж дека пукала е меѓу убиените или ранетите војници.
Портпаролот на 209. корпус на авганитанската војска Абдул Кахар Арам претходно изјави дека авганистански војник пукал и убил четворица американски војници во базата.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово