Марина Абрашева избрана за претседател на Основниот суд Струмица
Судскиот совет (СС) на Република Македонија на денешната седница едногласно ја избра Марина Абрашева за претседател на Основниот суд во Струмица.
Претседателот на Судскиот совет на РМ Бранко Ушковски, како што соопшти СС, констатирал дека и на оваа седница применувајќи го мерит системот, на најтранспарентен начин за претседател е избран кандидатот кој ги исполнува условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на Судскиот совет.
Ушковски нагласил дека му преставува чест, особено што во последните месеци иако наидувааат на предизвици и без најмала субјективност сите заедно ги надминуваат, а истовремено заеднички како колективно тело продолжуваат со имплементирање на најсовремените европски законски решенија, како што е случајот и при изборот и на претседателот на ОС Струмица.
Во оваа пригода Ушковски укажал дека за претседател е избран кандидат кој покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другиот кандидат има добиено најголем број бодови. Сите членови на Судскиот совет, како што потенцирал Ушковски, и во иднина ќе продолжат да ги применуваат највисоките европски стандарди и со тоа континуирано да го надградуваат основното начело за обезбедување непристрасност и при изборот на претседатели и изборот на судии.
Судскиот совет на денешната седница донесе Одлука за објавување на Оглас за пополнување на две слободни судиски места во Вишиот управен суд.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија