Маричиќ - Пич: Западен Балкан мора во ЕУ, нема друга опција за трајна стабилност на регионот
Обединетото Кралство продолжува да дава поддршка на ЕУ интеграција на Западен Балкан, со очекување Северна Македонија да го забрза процесот на преговори со ЕУ, истакнал британскиот специјален претставник за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич на денешниот состанок со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Маричиќ и Пич, како што соопшти Секретаријат за европски прашања, се согласиле дека секое кочење на евроинтеграцијата ќе значи простор за мешање на трети страни.
На средбата било разговарано за текот на преговорите и идните планови на Северна Македонија на патот кон ЕУ, како и за политичките случувања во регионот.
Вицепремиерот Маричиќ укажал дека Северна Македонија припаѓа на заедницата на европски вредности и ја посочил важноста на политичката посветеност која ја имаме од Обединетото Кралство на патот кон ЕУ, како и севкупната поддршка во нашите демократски и реформски процеси.
Соговорниците, како што е наведено во соопштението од СЕП, ја нагласиле важноста од соработката и постојаната комуникација меѓу сојузниците и искрените пријатели како што се Северна Македонија и Обединетото Кралство, особено во сегашниот сложен геополитички момент.
Како НАТО партнери и сојузници на патот кон ЕУ, Маричиќ и Пич посочиле дека и Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат иста цел и заеднички работат регионот да успее во пристапните преговори за краток временски период и да ја забрзаме интеграцијата, како што кажал Маричиќ „со исполнување на обврските и задачите од Поглавјата 23 и 24, односно во делот на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, на што Владата е целосно фокусирана“.
Ново на Сител
-
Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни