Балкан
23. March 2016 - 20:40

Манијакот во притвор: На девојче му дал портокал па се соблекол

М.Ј. (34) од село Причевиќ е уапсен под сомнение дека се обидел да силува 13-годишно девојче.

Ученичката од основно училиште М.Ј. ја пресретнал во паркот во населебата Петти полк во Ваљево. И понудил портокал, а потоа почнал да ги соблекува панталоните пред неа. Девојчето успеало да побегне. Неколку часа подоцна манијакот повторно се доближил до девојчето кое тогаш било во друштво на други девојчиња.

-Во близина на училиштето „Андра Савиќ“ повторно им понудил портокали, кои тие ги одбиле. Кога се обиделе да се тргнат од него, тој 13-годишното девојче го фатил за задникот, вели извор и додава дека М.Ј. брзо е идентификуван.

Поради кривичното дело недозволени полови дејства, на уапсениот маж му е одреден притвор од месец дена.