Македонија
16. March 2018 - 8:42

Манифестација за одбележување на Националниот ден на Унгарија

По повод одбележувањето на Националниот ден на Унгарија, денеска пред спомен-плочата на Шандор Петефи, на истоимената улица, во населбата Драчево, ќе биде положено цвеќе.

На манифестација организирана од Општина Кисела Вода, ќе се обратат градоначалникот на Општината Филип Темелковски и амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс. 

Ќе бидат доделени и наградите од конкурсот распишан низ основните училишта за творби на теми поврзани со унгарската историја.