Манчини: Финалето може да го добиете само ако излезете на терен за да се забавувате
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, ги искажа своите очекувања за финалниот натпревар на ЕВРО 2020 против Англија.
– Ние работевме за ова многу години и сега сме многу среќни. Можам само да им се заблагодарам на играчите што се пласираа во финалето. Сè уште не сме освоиле ништо. За турнирот да биде успешен, треба да победиме утревечер. Целиот стадион ќе навива за Англија. И ќе мора да извршиме притисок врз противникот. Финалето е нешто поразлично од редовните натпревари. Се разбира, треба да играте многу внимателно, но исто така е важно да уживате во процесот. Финалето може да се добие само ако излезете на терен за да се забавувате, изјави Манчини за официјалната веб-страница на УЕФА.
Финалето на Европското фудбалско првенство 2020 ќе се одигра вечерва на „Вембли“ во Лондон со почеток во 21 часот.
Ново на Сител
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година