Манчевски: Најчесто бараните документи се достапни електронски, да не се оди по шалтери
Најчесто бараните документи ќе можат да се добијат по електронски пат. Да ги избегнеме чекањата по шалтери, апелираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на попладневната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.
Во насока на сите мерки што ги презема Владата за спречување на Ковид 19, апелираме до сите граѓани кои имаат потреба од услуги или различен тип на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат. Со цел да се намали фреквенцијата и редовите за чекање особено за оние документи кои најчесто им се потребни на граѓаните, повторно би сакале да нагласиме дека овозможивме најчесто бараните документи како што се изводите од матична книга на родени, венчани и умрени дека може да се добијат по електронски пат, рече Манчевски.
На портпаролот uslugi.gov.mk во моментот се достапни 128 услуги. Потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции како што се Управата за водење на матични книги, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, фондовите за здравство и пензиско осигурување и Централниот регистар се допстапни електронски. Дополнително, за 744 други услуги може да се прочитаат сите потребни информации за цвелосната процедура за издавање на одреден документ
– Значи, нема никаква потреба да се посетуваат физички институциите и да се прашува одредена информација. Апелираме до сите граѓани да ги користат овие можности кои се на располагање со цел да се намали непотребното одеење по институции и изложување на ризик. Само со целосен наш индивидуален придонес ќе ја намалиме можноста за ширење на вирусот, истакна Манчевски.
Во следниот период сите граѓани ќе добиваат СМС пораки со кои ќе се пренесуваат препораките и инструкциите на Владата.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор