МАН: Владата продолжува со директно и безобѕирно поткупување на медиуми
Македонската асоцијација на медиуми (МАН) го осудува предлогот на министерот Роберт Поповски поддржан од владата за поткупување медиуми за 2019 година, со пари од буџетот во износ од 50.000.000 денари.
МАН смета дека оваа одлука на владата е дискриминирачка, бидејќи се фаворизираат и финансираат само печатени медиуми, а дискриминирани се телевизиите и електронските портали.
Истовремено, МАН смета дека станува збор за класична корупција на цели медиуми (не само на новинари) и директно влијание врз уредувачката политика на весниците.
Дека станува збор за коруптивно однесување говори и фактот дека владата од буџет финансира застарени медиумски формат кој ниту кај нас, ниту во Европа нема значително медиумско значење во однос на електронските медиуми (ТВ, Радио) а особено во однос на дигиталните медиуми (портали/социјални мрежи)
Така што, овој трошок од буџетот на Македонија нема никаква оправданост ниту јавна, ниту економска, освен коруптивна, а тоа е да се држат весниците во зависност и да опстојуваат само од вашите, владини пари за да ја фалат вашата политика.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!