Малолетник со мотор прегази жена во Шабац
Јелена Г.(45) загина во сообраќајна несреќа кај Мајур кај Шабац кога од засега неутврдени причини на неа налетал мотор. Се движела пеш, а мотоциклот го управувал малолетно лице, додека на совозачкото седиште имало дете.
Соседи за „Блиц“ велат дека е повредена мајка на четири деца, а жената починала во болница.
„Таа работеше цел ден, береше малини. Работниците имале организиран превоз кој ги возел дома. Жената излегла од комбето спроти куќата и додека ја преминувала улицата ја прегазил малолетник со мотор. Како што слушнав тој има 17 години, а сопатникот 15 години“, вели нашиот соговорник.
Како што вели, на тоа место нема обележан пешачки премин, па не е сигурен дали жената се погрижила безбедно да ја помине улицата.
„Се се случи во секунда, комбето уште беше паркирано кога се случи несреќата. Голема трагедија, четири деца останаа без мајка“, изјави вознемирениот сосед.
Жената од местото на несреќата е пренесена на итната медицинска помош на болницата во Шабац, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Лекарите направиле се за да ја спасат, но таа починала набрзо по приемот.
Возачот на мотоциклот има тешки физички повреди и е хоспитализиран, додека на детето кое било сопатник лекарите му констатирале полесни физички повреди.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот