Македонија
5. August 2023 - 12:12

Малолетници на „Широк Сокак“ работеле по полноќ, други послужени со алкохол

При акциска контрола во угостителски објекти во Битола, тројца малолетници биле послужени со алкохол, следуваат соодветни поднесоци, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 23 до 02 часот изутринава, полициски службеници од СВР Битола во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат и Центарот за социјални работи Битола спроведоа акциска контрола во угостителски објекти. При контролата на ракометното игралиште, било констатирано дека правен субјект кој организирал концерт, послужил тројца малолетници со алкохолни пијалaци. Додека, при контрола во угостителски објект на улицата „Широк Сокак" во Битола биле затекнати двајца малолетници на пробна работа после 24 часот, се наведува во соопштението.

При контролата бил извршен преглед над 35 лица, а за сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.