Малите сместувачки објекти од денеска може да аплицираат за сертификат и печат “Чисто и безбедно”
Сите видови сместувачки објекти од мал обем во кои правилно и целосно се спроведуваат и почитуваат препораките и важечките протоколи за работа на угостителски објекти за сместување од денеска имаат можност да аплицираат за верификација со сертификат и печат “Чисто и безбедно” (safe and clean), соопшти Независната угостителска комора.
Комората посочува дека локалните самоуправи имаат евидентирано неколку илјади категоризирани и некатегоризирани сместувачки објекти од мал обем (куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби кои се издаваат) со вкупен капацитет поголем од 20.000 легла. Најголема концентрација на овие сместувачки капацитети се наоѓаат во познатите македонски туристички места. Голем дел од нив се издаваат преку познатите светски платформи како што се booking.com или airbnb.com, а дел од нив и преку македонските веб интернет платформи или мали огласи.
– Зголемената перцепција и потреба на гостите за безбедноста и хигиената во угостителските објекти за сместување станува се поголем конкурентен фактор во изборот каде и по која цена ќе го доверат својот престој или одмор. Со цел да им овозможиме на домашните и странските гости правилен и сигурен избор на места каде ќе можат да се чуствуваат чисто и безбедно за време на својот престој или одмор доколку користат сместувачки објекти од мал обем – приватно сместувања во куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби ја проширивме нашата кампања и верификација со сертификатот и печатот “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” со можност на сертифицирање и на овие сместувачки објекти од мал обем, се наведува во соопштението на НУК.
Сите сопственици што издаваат сместувачки објекти од мал обем (куќа, вила, викендица, стан, апартман или соба/и) и ги спроведуваат целосно и правилно важечките препораки и протоколи за работа на угостителски објекти, користат средства за хигиена и дезинфекција од званични и регистрирани производители и добавувачи можат да аплицираат за добивање на сертификат и печат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО со што ќе можат да го потврдат и верификуваат на локално и глобално ниво својот сместувачки објект од мал обем за чист и безбеден што нуди сигурен престој и одмор за домашни и странски гости.
– Со овој сертификат се укажува дека сопственикот на објектот претставува сериозна и одговорна личност која се обврзува свесно да ги почитува и применува во целост сите здравствени протоколи за заштита и превенција на здравјето на вработените и гостите во услови на пандемија Ковид-19. Овозможувајќи на овој начин да се приклучат и сопственици на овие сместувачки објекти придонесуваме сите ние заеднички да учествуваме во изградба и препознатливост на стандарди со национална кампања за независен македонски идентитет за чист и безбеден престој во сите угостителски објекти и сместувачки објекти од мал обем, се наведува во соопштенето на НУК.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп