Макрадули на неформален состанок на министри за животна средина во Талин
Заменикот министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, како претставник на македонската делегација, учествува на неформален состанок на министри за животна средина кој денеска и утре се одржува во Талин, Естонија.
Од Министерството информираат дека еко-иновациите и забрзување на транзицијата кон поодржлив начин на живот се приоритет на Естонското претседателство, споделено со трио партнерите Бугарија и Австрија.
- Со оглед дека една од целите на одржливиот развој на Обединетите Нации за справување со најитните социјални и еколошки предизвици е обезбедување на модели за одржлива потрошувачка и производство, на состанокот е нагласена потребата од целосно преструктуирање на линеарните модели на производство и користење на отпадот, во корист на заокружен систем, каде што производите ќе бидат дизајнирани и пласирани на пазарот за повторна употреба и рециклирање, стои во соопштението на МЖСПП.
На првиот ден од средбата, министрите размениле ставови во три важни под теми од темата за еко-иновации: транспарентност на производите, паметни градови и финансирање. Вториот ден ќе биде посветен на климатските промени и ќе се дискутира за очекувањата, можностите и потенцијалните предизвици поврзани со промовирање на визијата и целите на Парискиот договор.
Во рамки на состанокот Макрадули, остварил билатерална средба со заменик генералениот секретар на Министерството за животна средина на Естонија, Мелис Мунт на која било истакнато значењето за соработка во примената на новите технологии и информатичката технологија во борбата за заштита и унапредување на здрава животна околина и средина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника