Македонското студио „Денсерс јунајтед“ освои вкупно 19 медали во Полска
На Светското првенство во латино-танци што се одржа од 11 до 13 април во Варшава, Полска, танчарите на македонското студио „Денсерс јунајтед“ (Dancers United) освоија вкупно 19 медали.
„Македонската репрезентација составена од 22 танчари на претстави нашата земја со страст, енергија, извонреден талент и танц! На ова високо престижно натпреварување, каде што конкуренцијата доаѓа од сите краеви на светот, танчарите на 'Денсерс јунајтед' освоија вкупно 19 медали - 6 златни, 8 сребрени и 5 бронзени, ставајќи ја нашата земја високо на мапата на светскиот танцов спорт. Не постои поголема чест од тоа да се слушне македонската химна на светска сцена, како симбол на трудот, сонот и успесите на овие млади уметници“, се наведува во известувањето.
- Овој значаен успех е резултат на долгогодишна посветеност, истрајност и љубов кон танцот - вредности што ги споделуваат танчарите, нивните ментори и семејствата. Македонија има со што да се гордее - затоа што танцот зборува гласно, а овојпат зборуваше на јазикот на победата, солидарноста и љубовта, изјави Сара Кочан која беше официјален судија - и македонска претставничка на настанот.
Посебно впечатлив, се вели, беше настапот на инклузивната група од танчерското студио, кои низ својот танц испратија силна порака за еднаквост, поддршка и моќта на уметноста да ги надмине сите бариери.
„Со својата енергија, искреност и храброст, тие ги освоија симпатиите на публиката и учесниците од целиот свет. На овој натпревар од светски рамки бевме поддржани од Министерството за култура и туризам“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари