Македонското општество се соочува со развиена традиција на корупција
Македонското општество се соочува со развиена традиција на корупција за чие искоренување мора прво да видиме зошто не е нормално да се плаќа дополнително за услуги од државата или за избегнување на институционалните лавиринти.
Граѓанските организации мора да учествуваат во борбата против корупцијата, да бараат транспарентност и вклучување во носење на одлуките, како и да ја искористат својата врска со граѓаните која им дава широка перспектива при адресирање на проблемите во општеството.
По повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска во Скопје организира конференција „Заробена држава, политички, социјални и економски интереси“, на која учествуваат околу 80 претставници од граѓански организации, извршни, законодавни и судски власти, како и претставници на донаторската заедница и медиумите.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во воведното обраќање рече дека раководството на МВР не сака и нема да дозволи уште еден скандал за злоупотреба на власта.
- Сакам да бидеме коригирани и критикувани за да може да останеме будни и за да остане Македонија на вистинскиот пат. Прв чекор е критичка мисла, која ќе даде критика, но и конструктивни забелешки и насоки, што нема да има скриени мотиви, изјави Спасовски.
Посочи дека имаат политичка волја за да ги променат старите навики, но дека тоа не е доволно и потребни се конкретни чекори.
– Наша цел е да ги чуеме граѓанските организации кои ќе бидат партнер во промените и наш коректор. Граѓаните имаат право да живеат во слободна држава, а институциите имаат обврска тоа да го обезбедат, рече Спасовски.
Лукаш Холуб од Делегацијата на Европската унија рече дека корупцијата претставува дискриминација поради што потребни се јасни и транспарентни процедури против неа.
- Луѓето мора да очекуваат и бараат повеќе од државата. Не е добро да се плаќаат екстра пари за услуги што државата треба да ги дава бесплатно, изјави Холуб.
Ново на Сител
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово