Спорт плус
16. July 2021 - 10:09

Македонските пинг-понгари се подготвуваат за европското првенство во Загреб

Македонските репрезентации во пинг понг после настапот на Eвропското првенство во Полска и Балканското првенство во Бугарија го продолжуваат континуитетот на учество на меѓународните натпревари.

Јуниорската и кадетскатата репрезентација ќе учествуваат на Eвропското првенство во Загреб, Хрватска. И покрај строгите ковид протоколи кои мораат да се почитуваат од страна на сите учесници, како и откажувањето на поголем број на репрезентации, од ППФСМ одлучија репрезентацијата да учествува на ова натпреварување со цел младите играчи да се здобијата со исклуство од големите натпреварувања.

Во составот на репрезентацијата ќе учествуваат пет играчи. Првенството ќе се одржи од 18 Јули до 1 Август.