-->
-->
Македонските кошаркарски надежи убедливо ја совладаа Шкотска
-->
Кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години ја оствари првата победа на Европското првенство (Б дивизијата) што се одржува во Софија.
Македонските кадети по поразите од Унгарија и Израел конечно во натпревар од 3.коло на Б групата, убедливо ја совладаа репрезентацијата на Шкотска со 100-47 по четвртини 25-12, 23-12, 27-12 и 25-11.
Четворица наши кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу имаше Јоан Божиновски17 поени. Марко Анастасов постигна 14, Лука Стојановски беше стрелец на 13, а Андреј Јордановски заврши со 11.
Утре, во рамките од 4.коло Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Република Ирска во натпреварот кој ќе започне од 17 часот и 15 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори