Македонските кик боксери со рекорден број на медали
Кик Бокс Маи Таи федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски - Урко викендов настапи на Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер“ во Ниш, Србија со досега невиден рекорден број на натпреварувачи - 170 натпреварувачи од 22 клубови.
На овој турнир учество земаа 7 земји со 61 спортски клуб.
Нашата репрезентација освои 105 медали од кои:
-39 златни
-31 сребрени
-35 бронзени
Нашата репрезентација го освои и пехарот за најтрофејна екипа на првенството.
Претседателот на македонската Кик Бокс Маи Таи репрезентација воедно и претседател на Балканската кик бокс федерација е одликуван со плакета за посебна заслуга за развој и промоција на кик боксот на Балканот.
-Јас како претседател сум задоволен од успехот на нашите кикбоксери за остварениот резултат кој е заслуга на тимската работа и соработката помеѓу раководството, тренерите и натпреварувачите во Кик Бокс Маи Таи федерацијата на Македонија во која владее слога, единство и меѓусебно помагање кои доведуваат до успех. Со ова ги завршуваме активностите за оваа година која ни беше берба за медали, изјави Дејан Митровски - Урко.
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка