-->
-->
Македонските фудбалери отпатуваа за Италија
-->
Фудбалската репрезентација утрово со чартер лет од Скопје отпатува за Торино каде в петок ќе одиграат квалификациски меч против репрезентација на Италија во рамките од квалификациите за СП 2018 година во Русија.
Нашите фудбалери по слободното попладне, вечерва ќе одржат и полесен тренинг, а селекторот Игор Ангеловски планира уште два тренинга, пред мечот против „азурите“, закажан за во петок од 20.45 часот
Тоа ќе биде натпревар од претпоследното 9.коло во Муднијалските, во кои по осум одиграни натпревари, Македонија им скор од две победи, еден нерешен резултат и дури пет порази, што е доволно за петто место во групата.
Потсетување дека на првиот меч во Скопје, италијанската репрезентација си замина со три бода по еден неизвесен натпревар, кој беше решен од Чиро Имобиле во судиското дополнение.
Во последното коло, нашата репрезентација веќе в понеделник ќе го пречека аутсајдерот Лихтенштајн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори