Македонските фудбалери ги стартуваа подготовките за дуелите со Фарски Острови и Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ги почна подготовките за претстојните натпревари против Фарски Острови и Ерменија со кои ќе ја отвори новата сезона во Лигата на нации на УЕФА.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски в сабота на гостински терен играат против Фарски Острови по што на 10 септември во Скопје ќе ја пречекаат Ерменија во рамки на групата Ц4 во која за противник ќе ја имаат и Летонија.
„Целта за нас е да го освоиме првото место во групата. Влегуваме како фаворити против Фарски Острови, но секој натпревар е тежок. Треба да се приспособиме и на временските услови и теренот, но треба да бидеме позитивни и да го дадеме најдоброто за националниот тим“, изјави репрезентативецот Димитар Митровски на стартот на мини подготовките во тренинг комплексот на ФФМ
Дуелот против Фарски Острови е на програмата од 15 часот во Торшавн.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика