Македонските „Анонимуси“ го урнаа официјалниот сајт на Дуа Липа
По вчерашните пораки на АнинимусМКД на страниците на МОН и Министерството за здравство во кои тие го искажуваат својот револт поради негрижата за здравјето и животот на народот, тие информираа и дека го урнале офилијалниот сајт на Дуа Липа.
Хакерската група објави на Твитер дека ѝ го превземале официјалниот сајт на Дуа Липа во знак на револт и дека нема да биде функционален 1 час, а со тоа сакаат да докажат дека навистина имаат моќ, на сите оние кои не веруваат дека имаат капацитет за големи работи.
Ваквата реакција следи по фотографиите што ги објави на социјалните мрежи за Голема Албанија и пораките за Косово, па на сметка на британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, пристигнаа лавина реакции од регионот, но и од светот.
Подоцна, пејачката се обиде да се „извлече“ со објавата дека била погрешно сфатена.
Ново на Сител
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата