Македонија
12. October 2016 - 15:33

Македонскиот филм „Шеќерното дете“ поддржан и од Бугарскиот национален филмски центар

Бугарскиот национален филмски центар одобри финансиска поддршка за продукција на македонскиот играно-анимиран долгометражен филм „Шеќерното дете“, во продукција на Скопје филм студио.

Филмот е наменет за најмладата публика, со сценарио по мотиви од новелата Шеќерната приказна од Славко Јаневски, во режија на Игор Иванов и продукција на Томи Салковски.

Како што информира Скопје филм студио, филмскиот проект „Шеќерното дете“ е финансиски помогнат од потпрограмата на Креaтивна Европа – МЕДИА и има поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, SEE Cinema Network и Српскиот филмски Центар. Скопје филм студио. Малцински копродуцент од Бугарија е Аудиовидео Орфеус.

Филмот е замислен како копродукција помеѓу Македонија и неколку држави од регионот и Европа. Снимањето е планирано за пролет/лето 2017 година.