Македонски полициски синдикат: Со едноминутно молчење да оддадеме почит на нашите загинати колеги
Македонскиот полициски синдикат по повод 7 Март – Меѓународниот ден за сеќавање на загинатите полициски службеници ги повикува сите свои членови и сите вработени во Министерството за внатрешни работи денеска со едноминутно молчње да им оддадат почит на загинатите колеги. Ги повикуваат и сите релевантни фактори во земјава да оддадат почит на загинатите полициски службеници кои ги загубиле своите животи при извршување на службените задачи.
-Како репрзентативен синдикат во Министерсвото за внатрешни работи активно работиме на заштита на нашите членови и сите вработени во Министерството во делот на иницирање на итна набавка на заштитна опрема и униформа за нашите колеги. Издвоивме значителна сума на средства од синдикалната членарина за секој од нашите членови биде дополнително осигуран во Осигурителната компанија ТРИГЛАВ 24 часа за несреќа при работа, проект со кој сме единствен синдикат во репубиката, се вели во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.
Потсетуваат дека во чест на загинатите колеги низ целата година во нивните родни места, во соработка со Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа, организираат меморијални турнири и останати спортски активности. Посочуваат дека секоја година синдикални преставници по повод 8 Март ги посетуваат мајките на нивните загинати колеги.
-Македонскиот полициски синдикат го изразува своето длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на македонската полиција кои своите животи ги положија при извршување на службените задачи. Нашите херои кои положувајќи го сопствениот живот, носејќи ја полициската униформа, оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.
Ново на Сител
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали
-
57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази
-
Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ
-
Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито