Македонија
29. January 2021 - 15:55

Македонски државјанин фатен на хрватско-српската граница со 100.000 евра

Македонски државјанин фатен на хрватско-српската граница со 100.000 евра во кеш, дознава Нетпрес.

Според очевидци, неофицијално, при претресот на македонскиот државјанин А.Д. е пронајдена голема количина на пари, после што следувала вербална и физичка пресметка со граничната полиција на хрватско-спрската граница.

Парите биле пронајдени скриени во чевли и во палтото.