Фудбал
1. September 2015 - 9:23

Македонски бековски тандем во Ријека!

Македонскиот репрезентативец Леонард Жута во последниот ден од преодниот рок ја засили екипата на Ријека со што во оваа екипа на бековските позиции ќе играат нашите интернационалци. На позицијата десен бек веќе стандардно игра Стефан Ристовски, а Жута треба да ја засили конкуренцијата за левата страна. 

23 годишниот Жута досега играше за шведскиот Хакен каде одигра 69 средби и имаше 5 асистенции.