Македонски автори дел од антологијата „Гласови од Балканот“
Песни од македонски поети се застапени во петјазичната антологијата „Гласови од Балканот“ што деновиве излезе од печат во бугарскиот град Ловеч.
Од ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга информираат дека покрај од Македонија, во книгата се застапени и поети од Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Објавени се песни на македонските поети Борче Панов, Васил Тоциновски, Зоран Јакимовски, Љубинка Донева, Марина Мијаковска, Марта Маркоска, Петко Шипинкаровски, Ристо Јачев, Славчо Ковиловски, Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Христо Петрески.
Бугарската поетеса Латинка Златна, која е и составувач на антологијата вели дека идејата била да ги обедини авторите во една книга на нивните мајчини јазици во превод на бугарски, но и да ги запознае бугарските читатели со современите автори од четирите земји.
- Во поетската антологија се вклучени љубовна лирика, философска и друга поезија. Одбраните текстови во неа се различни, возбудливи, романтични и применети, мудри, смислени и вистински – една богата палета на бои. Верувам дека оваа антологија ќе ги обединува и вдахновува читателите за заедничка работа и мисли со тие народи и со народите во целиот свет, истакнува Златна.
Антологијата „Гласови од Балканот“ треба да биде промовирана на 10 и 11 мај во Бугарија.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб