Македонската репрезентација ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 (0-0) и со трите бодови го обезбеди првото место во групата Ц4 и пласманот во Б дивизијата во Лигата на нации од следната сезона.
Победата, трета во серија за избраниците на селекторот Благоја Милески, ја навести Бојан Миовски со прекрасен гол во 72 минута, а ја потврди Исник Алими во 85 минута.
Македонија уште на самиот почеток на дуелот на стадионот „Варгзен Саргсјан“ ја затресе противничката мрежа, но голот на Никола Серафимов беше поништен од ВАР собата поради милиметарски офсајд.
Ерменија во продолжението доминираше на теренот, но не реализираше неколку идеални шанси за гол.
Македонија воспостави контрола врз играта на средина на вториот дел, а откако Дарко Велковски пропушти идеална шанса за гол по слободниот удар на Енис Барди во 70 минута, Миовски набрзо донесе водство, а Алими стави печат на победата.
Македонската репрезентација води на табелата со 10 бодови од четири натпревари, пред Ерменија со четири бодови. Летонија е третопласирана со три, а Фарски острови се на последното место со два бодови пред нивниот меѓусебен дуел вечерва од 20:45 часот.
Двата завршни дуели во рамки на групата Ц4 избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одиграат идниот месец во Скопје, против Летонија на 14ти и против Фарски Острови на 17ти ноември.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство