Македонската репрезентација ги доби Фарски Острови во баражот за ракометниот Мундијал 2025
Во Келн попладнево се одржа ждрепката за плејофот за Светското првенство во 2025 година. Противник на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Фарски Острови. Првиот натпревар ќе го играме на терен гостински терен.
Другите двојки се:
Финска/Литванија – Унгарија
Белгија/Италија – Црна Гора
Грција – Холандија
Романија – Чешка
Шпанија – Србија
Словенија – Швајцарија
Португалија – Босна и Херцеговина
Исланд – Естонија/Украина
Полска – Словачка/Изреал
Грузија – Австрија.
Од Европа, директен пласман на Светското идната година обезбедија ко-домаќините Хрватска, Данска и Норвешка, како и Франција, Шведска и Германија три од четирите најдобри на Европското првенство кое е во тек.
Плејоф-пресметките за пласман на Светското првенство 2025 се закажани за 8 и 12 мај оваа година.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија