-->
-->
Македонската полиција пронајде и уапси Србин: Свирепо го убил својот брат, се криел во кавадаречко
-->
Македонската полиција пронајде и уапси Србин, кој се барал по Интерпол затоа што свирепо го убил неговиот брат.
- Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.09.2021 на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и лишија од слобода српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство“ на неговиот брат, информираат од МВР.
Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник