Македонската карате федерација ги избра најдобрите за 2020 година
Карате федерацијата на Македонија (КФМ) вечерва во Скопје ги прогласи најус– пешните натпреварувачи, тренери и клубови за 2020 година.
Признанијата за најдобри во изминатата година во машка и женска сениорска конкуренција во кумите им припаднаа на освојувачот на златниот медал на Премиер лигата во Салзбург, Емил Павлов и на Вероника Костовска.
За најдобри натпреварувачи во сениорска конкуренција во кати се прогласени Ферри Исиќ во машка и Пулексенија Јованоска во женска конкуренција.
Бошко Заборски ги доби признанијата за најдобар тренер во сениорска и јуниорска конкуренција, додека карате клубот „Макпетрол“ од Скопје ги освои екипните награди во двете возрасни категории.
Признанија на свеченоста во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва им беа врачени и на најдобрите во ката и кумите во сениорска конкуренција до 21 година, како и на најуспешните во јуниорска и кадетска конкуренција.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола