Македонска Каменица со ЕСКО ќе поставува енергетски-ефикасно јавно улично осветлување
Општина Македонска Каменица активно се вклучува во реализација на ЕСКО проектот, финансиран од Регионалната програма за енергетска ефикасност. Македонска Kаменица, како што информираа од општината, е една од петте општини во кои согласно оваа програма во соработка со ЕСКО ќе се поставува енергетски-ефикасно јавно улично осветлување.
-Наша цел со реализацијата на овој проект е заштеда на трошоците, подобра услуга за граѓаните и борба против климатските промени. По истекот на договорот, опремата и целокупната заштеда на енергија останува во сопственост на крајниот корисник, во овој случај нашата општина. Проектот предвидува поставување на енергетски-ефикасно јавно улично осветлување во само неколку општини, меѓу кои и нашата, изјавија од општина Македонска Каменица.
Во рамки на оваа активност на 5 септември во Стопанската комора се одржа работилница на која покрај останатите четири општини, техничка и тендерска документација за јавно улично осветлување беше презентирана и од страна на претставници на општина Македонска Каменица.
За овој пилот-проект интерес покажале околу 20 општини, но со имплементацијата на ЕСКО проектот за почеток ќе бидат опфатени пет-пилот единици на локалната самоуправа и тоа, Валанадово, Македонска Каменица, Радовиш, Василево и Чешиново-Облешево.
Ново на Сител
-
Во трагедијата во Кочани животот го загуби и младиот кошаркар Петар Ивановски
-
Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
-
Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА
-
Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“
-
Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
-
ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани
-
Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
-
Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!