Македонска дипломатка пронајдена мртва во стан во Менхетн
Македонска дипломатка на Обединетите нации е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн на новогодишната ноќ. Полициски извори велат дека очигледно станува збор за самоубиство. 38-годишната жена е пронајдена со ремен околу вратот во спална собра во нејзиниот стан на Менхетен.
Полициските службениците пронашпле и антидепресиви, како и две шишиња мелатонин. Едното празно, е другото речиси празно. На телото немало знаци на насилство.
-Живееше тука две години. Сите се чувствуваат лошо. Таа беше добра личност. Многу убава личност, изјави за американските медиуми Хернан Авила, домар во зградата. Дипломатката живеела сама во станот на четвртиот кат. Домарот ја опишува како тивка личност која повремено ја гледал како пуши.
-Вчера лекарите дојдоа горе, амбулантата. Дојде момче, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично, истакна тој, додавајќи дека ѕвонел на вратата но не добил одговор. Засега нема коментар од постојаната мисија во Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат