Фудбал
24. March 2022 - 9:48

Македонија вечерва пишува историја во Палермо

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во 20.45ч го игра бараж полуфиналниот дуел за СП во Катар со домашната селекција на Италија. 

Средбата се игра во Палермо а доколку „рисовите“ ја минат оваа пречка следува дуел во финалето со Португалија или Турција.