Македонија
20. July 2020 - 18:23

Македонија со најмногу заразени и смртни случаи во регионот

Македонија останува на врвот во регионот и во Европа според бројот на жртви од Ковид-19.

Според вчерашниот биланс имаме најмногу починати на 1 милион жители во споредба со сите земји во Европа. 

8-те смртни случаи регистрирани во вчерашниот ден покажуваат дека смртноста изнесувала 3,8 починати на милион жители. Најблиску до нас е Црна Гора каде вчера на милион жители починале 3,17 лица. На третото место е Србија каде на милион жители починале 1,26 лица, а следат Молдавија и БИХ со по 1 починат на милион жители. 

Македонија е во топ 10 во Европа и убедливо прва во регионот и според бројот на починати од почетокот на пандемијата со регистрирани 203 жртви на милион жители. Во регионот најблиску до нас е БИХ каде на милион жители се регистрирани 76 смртни случаи.