Македонија и Србија добија стан на поранешна СФРЈ во Трст
Земјите наследнички на поранешна Југославија се согласија на Македонија и Србија да и го доделат станот на СФРЈ во Трст, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, станот од распадот на поранешната држава е во сопственост на Словенија, но во последните години го користел студентскиот дом „Среќко Косовел“ во Трст.
Државите наследнички го поделија целиот дипломатски имот на поранешната СФРЈ во регионот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија.
Во завршна фаза е последната од петте продажби на недвижности на поранешна СФРЈ во Токио, Бон, Берн и Њујорк.
Додека Словенија и Србија веќе потврдија дека се подготвени да го потпишат купопродажниот договор за заедничка продажба на куќата на поранешната мисија на СФРЈ во Њујорк, другите три држави наследнички сè уште немаат спроведено внатрешни процедури за добивање формално одобрение од нивните влади.
Куќата на мисијата во Њујорк, како што претходно беше најавено, е најголемиот „скапоцен камен“ меѓу имотите вклучени во продажбата. Таа се наоѓа на Петтата авенија, една од најпознатите улици во Њујорк, веднаш до Централ Парк.
Вчера српското МНР соопшти дека амбасадорот на Србија во Швајцарија, Горан Брадиќ, по овластување и наредба на шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ, потпишал купопродажен договор со амбасадорот на Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, со што на земјава ќе и се исплати нејзиниот удел од осум отсто од зградата во која се наоѓа Амбасадата.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија