Македонија и Црна Гора со заедничка туристичка понуда пред трети земји
Македонија и Црна Гора договараат заеднички туристички производ што ќе биде понуден на трети пазари. За да ја подобрат економската соработка кој е на незавидно ниво, освен во туризмот, предвидуваат зајакнување на односите и во прехранбената индустрија.
Како што беше речено на денешниот бизнис форум во Стопанската комора, Црна Гора е 36. трговски партнер на Македонија.
- Не можеме да се пофалиме со голема размена. Износот е многу мал. Во оваа насока, а и со оглед дека имаме Договор за соработка во областа на туризмот, планирани се повеќе активности. Ќе организираме инфо-тура за посета на нашите тур-оператори во Црна Гора и обратно, нивни тур-оператори да дојдат тука. Целта е да се согледаат капацитетите од двете страни. Се размислува и за организирање заеднички туристички производи, Македонија и Црна Гора да се претстават како заедничка дестинација пред туристи од трети земји, нагласи Даниела Михајловска од Комората.
Бизнис-форумот го организира Амбасадата на Црна Гора во Макдонија, а присуствуваат околу 40 претставници од бизнис секторот. Во фокусот е Тиват кој последните десет години, беше речено, бележи инвестициски бум. м
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари