-->
-->
Македонија 135-место на најновата ФИФА ранг листа
-->
Најдобрата фудбалска репрезентација на македонија бечежи пад од едно место на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.
Иако нашата селекција во изминатиот период од претходното рангирањенемаше активности, односно не одигра ниту еден меч, сепак „црвено-жолтите“, забележаа пад од едно место и сега се наоѓаат на 135-тата позиција.
Од селекциите кои се противници на Македонија во квалификациите за СП во Русија, зад нас единствено е Лихтенштајн на 190.место. Шпанија е 11-та, а Италија веднаш зад неа 12-та, додека Албанија и Израел се на 63-тото односно 70.место на новата листа.
На врвот на листата сега има промена. Селекцијата на Бразил го презеда првото место од Германија. Во ТОП-10 следат: Аргентина, Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.
Можност да напредок нашата селекција ќе има веќе при следното рангирање, се разбира доколку извлече позитивни резултати во дуелите против Израел на гостински терен закажан за 2 септември, односно дуелот против Албанија на 5 септември кој ќе се игра на Националната Арена „филип Втори“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот