-->
-->
Македонецот Савевски најдобар странски играч во АЕК
-->
Тони Савевски е избран за најдобар странец во историјата на славниот грчки клуб АЕК од Атина. Во анкетата во која гласале преку 7.000 луѓе Савевски ги победил Душан Бајевиќ и Ривалдо.
Савевски во периодот од 1988 до 2001 година одиграч 356 натпревари и постигнал 51 гол за АЕК. Со клубот освоил четири трофеи во првенството три во Купот и два во Суперкупот на Грција.
Во анкетата, речиси половина од оние што гласале се определиле за поранешниот репрезентативец на Македонија и Југославија. Савевски освоил 47 отсто, Бајевиќ 16, а Ривалдо 13 отсто.
Савевски е член на најславната генерација на Вардар која во 1987 година ја освои шампионската титула во Југославија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките