Македонец треба да работи 76 дена, а Германец 8 за да си купи iPhone
Во последните две години Интернет порталот Веривокс истражува колку луѓе во различни земји во светот треба да работат за да си дозволат купување нов iPhone.
За ова истражување пишуваше Франкфуртер алгемајне цајтунг. Слична пресметка од 80-тите постои и за хамбургер Мекдоналдс. Телефонот и хамбургерот се многу соодветни за вакво истражување: тие се многу хомогени добра што чинат приближно исти во секоја земја.
„Пресметката на таканаречениот индекс на iPhone е едноставна, а резултатите се изненадувачки. Цената на најновиот модел на iPhone 12 се споредува со националниот бруто приход (…). На потрошувачите во Германија им треба просечно осум работни дена за да заработат за сегашниот iPhone 12 со 64 гигабајти меморија со цена од околу 1.000 евра.
Први на списокот се граѓаните на Лихтенштајн на кои им требаат три работни дена за таа набавка, додека последна на списокот е Молдавија, каде луѓето треба да работат во просек 85 дена за нов iPhone “, пренесува DW.
Во Македонија, за да се купи нов iPhone 12 просечен вработен треба да работи 76 работни дена
Она што изненадува, пишува франкфуртскиот медиум, е што овие уреди се поскапи во некои „сиромашни“ земји отколку во „богатите“.
„Додека во Германија iPhone 12 чини 876 евра, неговата цена во Северна Македонија е 1.061 евра. Без оглед на фактот дека поранешната југословенска република има една од најслабите економии и дека мора да се бори со слаба инфраструктура и висока невработеност.
„Два милиони луѓе кои сакаат да имаат iPhone 12 по секоја цена треба да работат во просек 76 дена за да го купат, нешто помалку од молдавските граѓани. Смартфонот на Apple е слично скап и во Грција, Шведска или Унгарија, каде чини над 950 евра“.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно