Македонец со 1,13 промили направил сообраќајка во Вараждин, удрил во 59 годишен Унгарец
32-годишен Македонец синоќа предизвикал сообраќајка во Вараждин. Тој управувал со лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили.
Возачот се движел по улицата „Браќе Крајански“ и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.
Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница.
Во несреќата нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.
Македонија-Унгарија, заврши реми, 27-27.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови