Македонец, пица-мајстор во Виена е осомничен за 17 сексуални напади
Македонски државјанин, кој работел како пица-мајстор во Виена, Австрија, е осомничен за најмалку 17 сексуални напади на жени во овој град, објави весникот „Дневник“.
Сексуалниот манијак се соочува со обвинение за своите дела, но дали тој ќе биде обвинет само за 17 напади, не е познато бидејќи по објавувањето на неговите фотографии се зголемил бројот на жени што го препознале насилникот.
Освен за силувања, насилникот се товари и за други сексуални напади, но и за разбојништва.
Според податоците на виенската полиција, станува збор за И.Ј.(22), кој своите жртви ги наоѓал во областите Донауштад и Леополштад во главниот град на Австрија. Насилникот бил уапсен во средината на февруари годинава, благодарение на сведочењето на жртвите кои го препознале силувачот од снимките на безбедносните камери во градските автобуси и на улиците на Виена, а на кои во критичното време бил фатен и нашинецот.
Инаку, нашинецот бил уапсен во декември лани, а во јавноста бил познат како „лижачот“ бидејќи жените што ги напаѓал ги бакнувал и им го лижел лицето. Тој се соочува со обвинение за најмалку 50 напади врз жени, од кои најголем број ги допирал по телото, но најмалку две од нив силувал.
Ново на Сител
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица