Свет
26. March 2019 - 8:58

Македонец направи сообраќајка во Турција - камионот смачкан

Македонскиот возач Глигор Филов е повреден во сообраќајна несреќа во Турција во судир на камион со камион во близина на градот Сандикли во 55 километар на автопатот Афионкахисар - Анталија.
 
Турските медиуми објавија дека камионот имал регистарски таблички на ЕУ, а по судирот натоварените гајби со компири се разлетале насекаде, по што автопатот морал некое време да се затвори додека да се расчисти од службите и да се тргнат возилата.
 
Несреќата се случила во близина на наплатна рампа, а како што информираат турските медиуми, била претрпена голема материјална штета на предниот дел од камионот.
 
Двајцата возачи биле пренесени во државната болница Сандикли.