„Мајкрософт“ откри ирански кибер напад врз американски политичари
Група хакери поврзани со Иран во август и септември се обидела да ги хакира адресите за електронска пошта на американски тим за претседателска кампања, владини претставници и новинари, соопшти „Мајкрософт“.
Центарот за кибер безбедност на Мајкрософт ја следел активноста на групата, која повеќе од 2.700 пати се обидела да идентификува електронска пошта на корисниците на Мајкрософт, а потоа и да „нападне 241 налог“, изјави Том Барт, потпретседател на фирмата задолжен за безбедност и доверба на клиентите.
Се верува дека групата е „од Иран и е поврзана со иранската Влада“.
– Профилите кои биле цел на нападите се поврзани со тим од претседателска кампања во САД, сегашни и поранешни владини претставници, новинари кои покриваат меѓународни политички односи и познати Иранци кои живеат надвор од нивната земја, рече Барт.
Хакерите на крајот дошле до само четири налози, од кои ниту еден не бил поврзан со политичка кампања или владата, тврди „Мајкрософт“.
Техеран и Вашингтон се во остар спор од мај 2018 година, кога САД еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и повторно воведоа економски санкции против Иран.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно 1.568 повици на 112, 61.29 отсто од нив категоризирани како реални
-
Ден на Македонската револуционерна борба , 23 Октомври, неработен за сите граѓани
-
Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател
-
Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година
-
Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет
-
Фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР во Тетово
-
Експлозии низ Бејрут во текот на ноќта, напаѓани финансиерите на Хезболах
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит