-->
-->
Мајката која роди под мост во Прилеп има 30 години, ова и е десетто дете и сите се од различни партнери
-->
Во добра здравствена сосотојба се и бебето и мајката која завчера се породи под мост во Прилеп, информираат од одделот за гинекологија и акушерство од ЈЗУ Општа болница Прилеп за Фокус.
Инаку, станува збор за жена бездомник која живеела под мостот на ул. „Димо Наредникот“ во Прилеп, каде и се породила.
Социјалната работничка, Наташа Јованоска од прилепската болница за порталот вели дека родилката е на 30-годишна возраст и дека ова и е десетто бебе и сите се од различен партнер. Таа информира и дека истата жена кога го добила првото дете го оставила на Бит Пазар, а сите останати деца се згрижени во дом.
За овој невообичаен случај е запознаен и кабинетот на градоначалникот на Прилеп, од каде изјавиле дека ќе постапат за случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника