Мајка под дејство на дрога ги качила децата на работ од покривот: Со часови стоеле голи на дождот
Две деца во последен момент се спасени од олукот на куќата, каде ги довела нивната мајка, наводно поради халуцинирачка дрога.
Во саботата попладне во Флорида морало да интервенира полицијата, откако некој од соседите пријавил дека 23- годишна мајка ги качила двете мали деца на ивица од олукот поставен на висина од 6 метри.
На снимката која ја објави полицијата мајката под дејство на дрога клечи на дождот и ги држи децата.
Одбивала помош, и во цалата во паника викала готова сум, готова сум.
Нејзиниот едногодишен син на себе имал само пелена а тригодишното девојче било само по хеланки.
Двајца полицајци успеале да влезат во куќата преку прозорецот и успеале да ги спасат децата, а жената е одведена во психијатриска болница.
Во тек е истрага пишува Дејли Меил, а ова е вознемирувачкото видео објавено од полицијата за време на спасувачката мисија:
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?