Мајка и нејзините три деца извлечени од урнатините 18 часа по земјотресот во Измир
Мајка и нејзините три деца биле извлечени од урнатините на една зграда во Измир под која биле заробени скоро 18 часа по силниот земјотрес во регионот на Егејското Море во кој загинаа најмалку 27 лица.
Во тек се напори за спасување на четвртото дете, пренесе „Ројтерс“.
Земјотресот уништи најмалку 20 згради во егејскиот пристанишен град Измир, каде сè уште трае операција за спасување.
Министерот за животна средина, Мурат Курум, рече дека досега биле извлечени околу стотина луѓе од урнатините.
Властите од Измир соопштија дека во земјотресот загинале 25 лица крај бреговите на западна Турција, додека две деца, момче и девојче, загинале на грчкиот остров Самос откако се срушил ѕид врз нив.
Повеќе од 800 лица се повредени во Турција.
По силниот земјотрес од 7 степени биле регистрирани околу 250 потреси.
Ново на Сител
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски