Мадуро наложи годинава Божиќ во Венецуела да се слави на 1 октомври
Авторитарниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека Божиќ годинава ќе се одржи порано од вообичаено, а свеченостите ќе бидат на 1 октомври, пренесе ДПА.
- Септември е и веќе мириса на Божиќ. Како благодарност до борбените луѓе, со декрет ќе го донесам Божиќ на 1 октомври, им рече Мадуро на приврзаниците на телевизија.
Ова не е прв пат Мадуро да презема ваков необичен потег за да го одвлече вниманието од горливите проблеми на јужноамериканската земја.
За време на пандемијата на коронавирусот во 2020 година, тој прогласи Божиќ да се слави на 15 октомври, а следната година на 4 октомври.
Во тоа време, Мадуро објави видео од претседателската палата Мирафлорес украсена со новогодишни елки и божиќни украси. Социјалистичката влада традиционално дистрибуира пакети со храна во сиромашните населби во земјата за време на божиќниот период.
По претседателските избори на 28 јули, кои беа во сенка на обвинувањата за измама, изборната власт лојална на владејачката партија го прогласи Мадуро за победник, кој е на власт од 2013 година.
Опозицијата ја обвинува владата во Каракас за изборна измама и бара победа на нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија.
Судот вчера издаде налог за апсење на екс-дипломатот по барање на провладиното јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел