Лукаревска во Тетово: Градот под Шара ќе дише чист воздух
Тетово е срцето на Полог, Тетово го заслужува Најдоброто, а Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата ја имаат најдобрата програмска понуда за тетовчани, за здрава животна средина, за чист воздух, за уреден град, за достоинствен живот и шанса за секој, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска.
– Манипулираат и калкулираат со емоциите на граѓаните, тоа им е најсилното оружје, со манипулации и лаги не се гради држава, настапуваме чесно и одговорно, имаме план и реални решенија за подобар и поквалитетен живот, потенцира Лукаревска.
Додаде дека Тетово не смее да биде на листата на најзагадени градови.
– Градот под Шара ќе дише чист воздух, имаме план за сите населени места, ги прифативме препораките на граѓанскиот сектор од Тетово за подобрување на работата на локалните власти, за решавање на проблемите со комуналниот отпад, за подобро улично осветлување, за поквалитетно водоснабдување. Ги поддржуваме младите и жените да отворат свој бизнис, да се вклучат во креирањето на локалните политики за создавање на правични и еднакви можности за сите. Најдоброто и за Тетово е 12, кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ и советничката листа предводена од Илија Димитриевски, нагласи Лукаревска.
Ново на Сител
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“
-
Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани
-
Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување
-
Јаневска: Обезбедена психолошка поддршка за учениците
-
Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни
-
Обдукцијата и идентификацијата завршени, кај сите настрадани во пожарот констатирана насилна смрт од задушување
-
Едно лице потешко повредено кога возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани
-
УНРВА: Во Газа има брашно за само уште шест дена