Луиза Винтон во посета на Куманово
Координаторот на ОН и постојан претставник на Програмата за развој Луиза Винтон, раководителот на секторот во Швајцарската агенција за развој и соработка за Западен Балкан Жоржет Бруше и локалната самоуправа Куманово денеска го посетија ОУ „11 Октовмри“ и проследија како се имплементира проектот за општо корисна работа во кој се вклучени лицата со интелектуална попреченост.
Во проектот чија цел е инклузија на лицата со попреченост во локалната заедница, се ангажирани и невработени лица. Поддржан е од УНДП, а се реализира со поддршка и на општина Куманово и АВРМ и МТСП.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, како што изјави, информирал дека Општина Куманово ќе реализира нов проект „мапатон“ со кој е предвидено да се идентификуваат зградите на интитуциите со пречки кои го ограничуваат движењето на лицата со посебни потреби. Тој посочи дека во иднина ќе се увидат овие проблеми, а со поддршка на меѓународната заедница и на Општината ќе се отстрани она што оневозможува движење на лицата со попреченост.
- Ќе преземеме чекори со кои ќе се овозможи поголема инклузија на лицата со попреченост. Куманово е предводник во Македонија во однос на инклузијата на лицата со попреченост во заедницата, изјави Дамјановски.
Винтон рече дека проектите за инклузија за ОН значат никој да не биде изоставен, сите да бидат вклучени во секојдневниот живот, во општеството. Таа изрази задоволство од соработката со Општината.
Според Бруше, наредните четири години ќе се работи засилено на прашањето на општествена инклузија. - За мене ова е конкретен доказ како локална заедница како што е општина Куманово ги решева прашањата кои ја засегаа, доколку се обезбеди поддршка, изјави Бруше.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија