-->
-->
Луис: И Суарез заслужи црвен картон
-->
Барселона славеше над Атлетико Мадрид 2:1, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Барса победи со пресврт, со головите на Луис Суарез, откако претходно Атлетико остана со играч помалку поради исклучувањето на Фернандо Торес.
Суарез постигна два гола, вистински е херој на Барселона, но покрај головите тој уште еднаш jа покажа својата „темна страна“, немилосрдно ги удираше своите противници. Суарез најпрвин со кунг фу удар го удри Фелипе Луис, а потоа без топка го удри и Хуан Фран.
„Мислам дека некој ја заштитува Барселона. Кога играте против нив имате чувство дека секој ваш прекршок е поригорозно казнет од нивниот. Тоа ѝ нанесува штета на УЕФА. Мислам дека Торес не направи фаул за исклучување, но на судијата делуваше домашниот терен и фактот дека ѝ суди на Барселона“, рекол по мечот бекот на Атлетико Фелипе Луис.
Четвртфиналниот реванш, во Мадрид, ќе се одигра на 13.април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
-
Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма
-
Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница
-
Женско рели низ улиците на Скопје
-
Синиша Кочоски ќе настапи на легендарната трка „24 часа Ле Ман"
-
Алегри ќе седне на клупата на Милан?