Луѓето најверојатно ќе може да се размножуваат во Вселената
„Мал чекор за науката, но потенцијално огромен скок за човештвото“ – гласи коментарот на шпанските научници, кои развија теорија дека замрзната сперма, испратена во Вселената, сè уште може да се користи за оплодување.
Истражувањето претставено на Европскиот форум за човечка репродукција и ембриологија во Виена, се повикува на експеримент со сперма во состојба на микрогравитација, каде што таа изгледа скоро како бестежинска и сè тоа трае неколку секунди. Потоа примероците биле анализирани во однос на густината, подвижноста на сперматозоидите, виталноста, морфологијата и ДНК-фрагментацијата. Заклучокот на стручните лица гласи дека скоро и да нема разлика меѓу сперматозоидот во вообичаени услови на Земјата и оние коишто биле изложени на микрогравитација.
Научниците користат замрзната сперма, зашто радијацијата може да влијае на составот на „свежата“.
– Не е нелогично да почнеме да размислуваме за размножување вон Земјата… Но, има редица пречки, кои стојат меѓу човекот и поколението родено во Вселената. Со тек на времето, на пример, коските на астронаутите се истенчуваат, мускулите атрофираат, а се губи и количеството крв. Вселенските патувања, исто така, можат да ја зголемат и опасноста од рак – објасни д-р Боада.
Претходни истражувања пак, покажуваат дека вселенското зрачење може да има долготрајни ефекти врз мозокот, учењето нови работи, помнењето и психичкото здравје. Најнови сознанија говорат и дека, колку подолго астронаутите престојуваат во Вселената, толку поверојатно е да заболат од херпес и варичела.
Сѐ повеќе приватни компании наголемо говорат за идните човечки населби во Вселената… Така, на пример Илон Маск има намера да ја основа првата населба на Марс до 2022 година. Холандската компанија Марс уан пак, таа идеја ја развиваше уште од 2013., но на почетокот на оваа година, им се случи банкрот.
Ново на Сител
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии